На сите возрасни лица во Велика Британија ќе им биде понудена првата доза од вакцината против Covid-19 до крајот на јули, изјави во саботата вечерта преиерот Борис Џонсон во пресрет на планираното претпазливо повторно отворање на стопанството во земјата по „локдаунот“.
Во понеделник британскиот премиер Борис Џонсон ќе ги изнесе планот и распоредот за олеснување на третото национално затворање пораде епидемијата на коронавирусот, порачувајќи дека тоа ќе оди бавно.
Од влада соопштија дека земјата сега сака да ја даде првата доза од вакцината против Covid-19 за граѓаните повозрасни од 50 години до 15-ти април, а доколку сите возрасни ја добијат дозата од вакцината до крајот на јули, тоа ќе биде порабо од првичниот план тоа да се случи до есента.
Откако ја претрпе петтата најголема смртност од коронавирусот во светот, владата на Џонсон тргна во побрзо обезбедување на снабдувањето со вакцината.
„Целта ни е да му ја понудиме вакцината на секое возрасно лице до крајот на јули, а пред тоа и на најзагрозените и да преземеме натамошни чекори за да се ублажат некои од рестрикциите кои се на сила“, изјави Џонсон, додавајќи дека „нема дилеми оти патот од отклучувањата ќе биде претпазлив и постапен, бидејќи сите продолжуваме да се штитиме себеси и оние околу себеси“.
Досега во Велика Британија првата доза од вакцината ја примиле 17,2 милиони луѓе, ште повеќе од четвртината од 67-милионското населенние во земјата, со што е зад Израел и Обединетите Арапски Емирати во вакцините по глава на жител.
Во Британија во употреба се две вакцини, онаа на американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNTech“ и на англо-шведската компанија „AstraZeneca“ и Универзитетот Оксфорд, а британските здравствени власти советиваа дека меѓи дозите може да биде разлика и до 12 седмици.