Виетнамскиот бизнисмен Виет Нгујен Дин Туан е сопственик на највредната приватна збирка виски, а информацијата ја потврди и Гинисовата книга на рекорди.
Виет поседува 535 најретки, најстари и најпрефинети шишиња од шкотско и јапонско вино, пишува BBC. Експертите од компанијата „Rare Whisky 101“ (RW101) вредноста на оваа збирка ја процениле на околу 12,5 милиони евра, а рекордот е потврден и од Гинисовата книга на рекордите.
Виет е сопственик на комплетната колекција „Macallan Fine and Rare“ виски, вклучително и онаа од 1926 година. Таа година биле произведено само 40 шишиња, а Виет поседува дури три. Неодмана шише „The Macallan“ од 1926 година беше продадено за речиси 1,75 милиони долари.
Во колекцијата на Виет е и едно од само 12-те постоечки шишиња од најстарото виски „Bowmore“. Слично шише неодамна на наддавање беше продадено за околу 350.000 евра. Поседува и едно од само 24-те шишиња од стариот виски „Springbank“ од 1919 година.
Виет собира ретки и стари шишиња виски повеќе од 20 години. Сите ги чува под клуч во салонот за виски кој се наоѓа во неговиот дом, а гордиот сопственик има намера да ја проширува колекцијата. Вредноста на шишињата е одредена врз основа на податоци за тоа колку тие објективно би можело да бидат продадени на аукција во Велика Британија.
„За мене собирањето шишиња виски е чиста страст. Секој слободен момент го користам за да пребарувам на интернет страниците на коишто на аукции се нудат ретки и познати видови виски од целиот свет. А кога станува збор за мојата колекција, немам намера да продадам ниедно, ама баш ниедно шише. Всушност, ќе ги продолжам ловот на уште постари и поретки шишиња“, вели Виет.