Најскапиот авио-билет на „Lufthansа“ чини 22.670 евра

Повратниот авионски билет во првата класа на летот од Сан Франциско до Франкфурт во моментов е најскапата понуда на германската воздухопловна компанија „Lufthansа“ – изнесува 22.670 евра и константно е распродадена.

Карстен Шпор, извршниот директор на германската компанија, ја наведе цената на овој авионски билет како илустрација дека „Lufthansа“ закрепнува по пандемијата на коронавирусот побрзо отколку што се очекувало.

Шпор имаше излагање во историскиот Аеро Клуб Вашингтон и рече дека „Lufthansа“ може да се пофали со многу добри резултати, особено на летовите за Северна Америка. Така, компанијата го зголемила бројот на дестинациите на коишто лета во САД, и сега ги има 25 што е повеќе отколку пред пандемијата.

Германскиот авиопревозник сега се фокусира на сигурноста и точноса, на карактеирстиките кои се нарушен поради штрајковите и недостигот од персонал.