Данела Арсовска не изнесе никаков план за решавање на состојбите во ЈСП и надминување на состојбите со хаосот со јавниот превоз. Нејзиниот единствен предлог беше задолжување на градот за набавка на нови автобуси кои би дошле по една година, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ставот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата е дека на скопјани не им треба решение по една година како што предвидува Арсовска и тоа преку ново милионско задолжување на Градот, туку решение кое ќе почне да функционира од понеделник кога стартува новата учебна година.
Тоа што СДС, ДУИ и Арсовска се обединија околу раскрчмување на градските ресурси говори за тоа колку неспособноста и криминалните мотиви се присутни при носењето на одлуки во Скопје. Арсовска не изнесе никаков план иако ветуваше решенија.