Илјада и деветстотини учесници денеска ќе трчаат на Скопје ран 10 К (Skopje Run 10K). Трката од 10 километри и штафетната трка од 5 километри х 2 ќе почнат во 9 часот пред фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк во Скопје.
Трката е организирана од Сојузот на спортовите на Скопје, Атлетската федерација и Атлетскиот клуб „Работнички“.
Како што информираше Кире Синадиновски, директор на „Визер – Скопски маратон“, околу 1.900 учесници се пријавија да излезат на булеварот Илинден, нагласувајќи дека има учесници и од Кенија.
Маратонот на оваа делница се одржува трет пат.
Сите оние што сакаат да помогнат во акцијата „Засади Воздух“ може да купат драј-фит маичка за време на подигнување на пакетите и од неа да донираат 100 денари за засадување дрвја во Скопје. Акцијата е организирана заедно со Град Скопје.