Експертот за градежништво Горан Родиќ кој е потпретседател на Градежничко-индустриската комора на Србија тврди дека најмалку пет до шест години ќе и бидат потребни на Србија за комплетна обнова на мостовите, патиштата и други инфраструктурни објекти. Тој оценил дека најважните магистрални патишта од стратешко значење за Србија и регионот можат да бидат обновени до крајот на оваа година.
„Ако веднаш се започне со подготовка на потребните планови, сите стратешки магистрални правци можат да бидат обновени до крајот на оваа година и тоа сега е најважна работа која не смее да чека, а нашите луѓе се способни и подготвени тоа да го завршат. Тука треба да се ангажираат најголемите домашни компании од областа на градежништвото, тие имаат и кадри и опрема и материјал патиштата да се поправат“, изјавил Родиќ.
Санацијата на мостовите и свлечиштата кои ја загрозуваат инфрастурната состојба е многу комплицирана. За сето тоа да се направи потребни се големи напори и многу време, според тоа како што сега стојат работите, ќе мора да се работи најмалку пет до шест години за да се поправи се она што поплавите уништија.
Тој додава дека со топлото време во Србија свелчиштата би требало да се смират и сопрат и дури тогаш можат добро да се испитаат. И дека дури тогаш ЦИП ќе може да даде поединечни предлози за секое од нив.
„Свлечиштата се опасни во цела Србија и состојбата со нив не може да се реши за час,бидејки прво треба да се лоцираат, па да се испитаат и да се даде предлог за санација. Тоа е макотрпен и малку долг процес.“, истакнал генералниот директор на ЦИП Милутин Игнатовиќ.