
Јапонката Кане Танака, која е признаена од Гинисовата книга на рекордите како најстарата жена на светот, во неделата го прослави својот 119-ти роденден, пренесува новинската агенција Kyodo.
Танака, којашто живее во дом за стари и немоќни лица во префектурата Фукуока, и годинава немаше можност да се сретне со своето семејство поради епидемиолошките ограничувања.
Јапонката е родена на 2-ри јануари 1903 година. Нејзиниот сопруг и најстариот син загинале во Втората светската војна. Танака целиот свој живот работела во продавница за колачи од ориз, отворена пред големата војна. По пензионирањето во 1970-те години, неколкупати патувала во САД.
Од 2005 година живее во домот за стари лица во Фукуока. Танака вели дека станува рано, ужива во друштвените игри и не се откажува од слатките. На 103-годишна возраст ѝ беше отстранет канцероген тумор, и оттогаш не заболела од друга сериозна болест.
И покрај повеќето податоци за најстари лица од разни делови на светот, кои за неколку години ја надминуваат возраста на Танака, официјално според Гинисовата книга на рекордите досега најдолговечна личност на планетата е Французинката Жана Келман. Таа во време на нејзината смрт во август 1997 година, нејзината возраст имала 122 години и 164 дена.