Најстариот фудбалски клуб на светот негираше дека го купува Тејлор Свифт

Најстариот професионален фудбалски клуб на светот, англиски Нотс Каунти, ги демантираше шпекулациите дека го купува големата светска поп-ѕвезда Тејлор Свифт.

Откако дел од англиските медиуми ја пренесоа веста дека американската пејачка и кантавторка, новопечена милијардерка, сака да го купи Нотс Каунти, се огласија сопствениците на клубот Александер и Кристофер Ридц.

„Колку и да ни е жал што ги разочаравме нашите и обожавателите на Тејлор Свифт, но мораме да ја демантираме оваа приказна“, објавија сопствениците.

Браќата Ридц во својата шегобијна објава одговорија со насловите од песните на пејачката.

„Сигурно нема зла крв меѓу нас и Тејлор, но таа сигурно не можела да верува ниту во своите најлуди сништа дека ќе ѝ ја препуштиме нашата контрола“ на клубот, додаваат.

Сопствениците најавуваат дека на следниот домашен лигашки натпревар против Врексхем ќе остават простор на плејлистата за нумерите од нејзиниот неодамна повторно издаден албум под наслов „1989“ како гест на благодарноста за нејзиниот интерес.

Нотс Каунти е најстариот професионален фудбалски клуб на светот основан во 1862 година, а моментално се натпреварува во „League Two“, што е четвртата класа во англискиот професионален фудбал.

Според последната анализа на агенцијата Bloomberg, Тејлор Свифт годинава станала милијардерка, со проценета вкупна нето сопственост од 1,1 милијарди долари.

Во 2019 година се појавија информации дека инвестициската групација на поранешниот играч на Барселона, Жерар Пике, во кој инвеститори се и неговиот тогашен соиграч еден од најдобрите фудбалери во историјата аргентинската ѕвезда Лионел Меси и американскиот милијардер Лери Алисон, преговарал за купување на Нотс Каунти. Меѓутоа, преговорите со тогашниот сопственик на клубот Алан Харди се изјаловиле бодејќи тој за да го избегне згаснувањето на клубот морал брзо да дејствува и да го предаде на бизнисмените од Данска.

Во својата долга историја клубот има само еден голем трофеј, и тоа во англискиот ФА Куп, најстарото фудбалско натпреварување во светот, и тоа во XIX век во 1894 година. Нот Каунти, исто така, трипати беше првак на Втората лига на Англија (четвртата лига, а во 1995 година го освоил речиси непознатиот Англо-италијански куп.