Најстариот трговски центар во САД банкротираше заради кризата

Најстарата стоковна куќа во Америка, Лорд и Тејлор, поднесе барање за банкрот.

Компанијата во неделата поднесе барање за заштита од стечај и стана уште една жртва на кризата предизвикана од епидемијата на коронавирус.

Стечајот доаѓа скоро една година откако Лорд и Тејлор го купиле Ле Тот за 75 милиони долари. Пред тоа, компанијата Хадсонс Беј ги купи Лорд и Тејлор во 2012 година, пренесува Bankar.

Лорд и Тејлор ја отвори својата прва продавница во Њујорк во 1826 година, со што стана прва стоковна куќа во Америка, основана од двајца англиски имигранти.