На стартот на новата сезона во кошаркарската Евролига славеа Барселона, Макаби, Валенсија

Два од петте натпревар од воведното коло во Евролигата завршија со поен односно два разлика, додека најголемата победа ја остварија кошаркарите на Барселона кои во дербито од 1.коло ја победија московска ЦСКА со 10 поени разлика 76-66.
Предноста на домашниот терен ја искористија и Макаби кој во Тел Авив ја совлада Алба Берлин со 80-73, како и Валенсија која славеше минимално дад Лион Вилербан со 65-53.
Сезоната започна со изненадување и гостинската победа на Зенит кој во Истанбул го совлада Анадолу Ефес со 73-69, а победа во Атина на гостувањето кај Олимпијакос оствари и Жалгирис со 68-67.
Денеска се играат преостанатите четири натпревари од воведното коло.
19:00   КИМКИ М. – ПАНАТИНАИКОС
19: 45  ФЕНЕРБАХЧЕ – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА
20:30   БАЕРН М. – ОЛИМПИЈА МИЛАНО
21:00   БАСКОНИЈА – РЕАЛ МАДРИД