
Утрово најстудено во Битола и во Берово, каде е измерена минималната температура од -4 степени, а најтопло е во Гевгелија, каде се измерени 4 степени целзиусови.
Како што информираат од УХМР, во Прилеп минималната температура е -3, додека -2 степени целзиусови се измерени во Тетово, Штип, Кавадарци и Охрид. Во Лазарополе и Крива Паланка минималната температура е -1 , во Струмица, Куманово, Дебар, Претор, Демир Капија е 0, во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес 1, во Попова Шапка 2 и во Виница и Крушево се измерени 3 степени целзиусови.
Најголема снежна покривка има во Попова Шапка – 38 сантиметри, потоа Маврови Анови – 29, во Крушево – 11 и во Битола – 9.