Најстудено во Битола и Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Најстудено е утрово во Битола и во Берово со – 6 степени, во Струмица се измерени -5, во Скопје-Петровец и Претор -4, во Крива Паланка, Прилеп, Штип, Демир Капија -3, во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Охрид, Гевгелија -2. Во Виница и Дојран се измерени нуластепени, а максимални два степена се регистрирани во Крушево.

Најмногу снег има во Маврови Анови 33 сантиметри, во Попова Шапка снежната покривка е 24, а во Крушево 18 сантиметри.

Во текот на ноќта времето беше ведро, а утрово е сончево со појава на магла по одделни котлини. Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19 степени.

Во Скопје, сончево и тивко. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.