На суд не може да докаже дека е жив!

Романецот кој успеал да го убеди судот дека е жив, откако неговата сопруга го прогласила за мртов, поднел нова тужба за да го поништи својот посмртен лист.

Константин Релиу изјавил дека поднел тужба за поништување на посмртниот лист издаден 2013 година. Поднел и друга тужба со која сака да си го врати имотот кој после неговата наводна смрт и приаднал на неговата сопруга.

Овој Романец работел во Турција повеќе од 20 години, а по враќањето во својата земја во јануари открил дека сопругата го прогласила за мртов.