Во Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето за случајот на поранешното СЈО „ТНТ“ со презентација на дел од материјалните докази на обвинителството, претходно селектирани од обвинителот, а по барање на одбраната.
Како што информираат од Кривичен, ваквиот начин на презентација на доказите е со цел да се постигне економичност на постапката, со оглед на тоа што истите докази веќе биле презентирани пред судењето да почне од почеток заради измена на судечкиот совет.
За главната расправа по предметот закажани се повеќе термини во следниот период, за, како што информираат од Кривичниот суд, да се даде поголем интензитет на судењето.
Случајот „ТНТ” се однесува за уривањето на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фијат Цановски.
За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.