На светот му се потребни акушерки повеќе од кога било

„Пристапот до квалитетна здравствена грижа претставува основно човеково право. И покрај тоа, речиси 40 милиони жени се породуваат без стручна нега, со што се зголемува ризикот од смрт и трајни последици, како за мајката, така и за новороденото. Денес на светот му се потребни акушерки повеќе од кога било. Инвестирањето во акушерките може да помогне да се избегне значителен број од речиси 290,000 случаи на мајчинска смртност и смрт на три милиони новороденчиња што се случуваат секоја година, како резултат на недостаток на добро обучени и организирани здравствени работници и адекватни установи. Акушерките носат на свет многу повеќе од бебиња: тие исто така пружаат други живото-спасувачки информации и услуги од полето на репродуктивното здравје, вклучувајќи антенатална и постанатална грижа и планирање на семејството,“ се вели по повод Меѓународниот ден на акушерките.

УНФПА и МКА ги поздравуваат сите посветени акушерки кои работат и повеќе од барањата на самата служба, најчесто во тешки услови и со ограничени ресурси, со цел да им пружат мајчинска и новореденечка нега на жените и девојките ширум светот.