На Табановце и на Богородица се чека околу 15 минути

На граничните премини утрово нема големи застои. На граничниот  премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 15 минути. Исто толку се чека и на преминот Богородица, соопшти Авто мото сојузот.

На останатите гранични премини  од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.