На Табановце и Пелинце за влез и излез од државата се чека околу два часа

На граничните премини Табановце и Пелинце за влез и излез од државата се чека околу два часа, додека на граничниот премин Богородица за излез од државата се чека околу половина час. На останатите гранични премини од македонска страна, како што информираат од АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.