![tabanovce](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/tabanovce.jpg?resize=696%2C357&ssl=1)
На граничниот премин Табановце во две одвоени контроли, полицијата приведе државјани на Украина и на Грузија. Двете лица имале фаслификувани возачки дозволи.
МВР информира дека на граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.С.(47) од Украина, затоа што при извршена контрола и проверка било констатирано дека украинската возачка дозвола, која ја приложил на увид, била фалсификувана.
Исто така, полициски службеници го лишиле од слобода С.В.(37) од Грузија, затоа што при извршена контрола и проверка било констатирано дека ерменската возачка дозвола, која ја приложил на увид, била фалсификувана.
„Двете лица се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка“, велат од МВР.