На „Табановце“ се чека околу 40 минути, на „Богородица“ половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини вечерва е умерен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 40 минути, а на ГП „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.