На Табановце уапсен италијански државјанин, по потерница од Интерпол

На Граничен премин „Табановце“вчера во 21:40 часот од слобода бил лишен М.М.(40) од Италија, а со живеалиште во Р.Србија, затоа што при проверка било утврдено дека се наоѓа на листата со мерка „лиши од слобода“, по барање на Интерпол.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.