Триесет и седум годишниот М.Г. од струшко Радолишта вчера бил уапсен на граничниот премин табановце при влез во Македонија.
При проверка во системот било утврдено дека истиот се барал по телеграма од МВР-Одделението за потраги и телеграма од СВР Охрид, со мерка „лиши од слобода“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “убиство во обид“ по чл.123 в.в. чл.19 од КЗ на РМ.
Лицето со потврда за предавање на лице било предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.