На телото на починатата поп ѕвезда Принс нема знаци за повреди, ниту докази дека станува збор за самоубиство, соопшти денеска Џим Олсон, шериф на округот Карвер во Минесота.
Тој изјави, меѓутоа, дека се уште е рано да се зборува и оти целокупните резултати од обдукцијата нема да бидат наскоро познати бидејќи таа може да потрае неколку седмици. Олсон рече дека истрагата продолжува.
Тој не сакаше да ги коментира непотврдените извештаи дека смртта на Принс би можела да биде поврзана со предозирањето од минатата недела.
Принс бил лекуван во болница поради прекумерна количина дрога една недела пред смртта, објави претходно денеска американскиот сајт ТМЗ, повикувајќи се на повеќе неименувани извори.