Дваесет и осум лица во текот на „најлудата ноќ“ побарале лекарска помош на Клиниката за токсикологија во Скопје поради прекумерно конзумирање алкохол. Докторите се задоволни од бројките велат ова е најмала бројка во последните пет години.
Како што информираше директорот на Токсикологија, Андон Чибишев, 23 од нив имале труење од алкохол, меѓу кои 15 мажи и осум жени.
Само 11 од нив биле малолетни лица. Најмладиот пациент е момче од 14 години, а најстариот има 40 години.
Изминатово деноноќие на токсикологија ниту еден пациент не бил хоспитализиран