На тренинг почина млад фудбалер на московски Локомотив

Фудбалерот на московски Локомотив, 22-годишниот Инокентиј Самохвалов, почина во понеделникот во текот на индивидуалнио тренинг, а се претпоставува дека причина за смртта е срцев застој, соопштија од клубот.

Руските фудбалери поради пандемијата од короанвирусот се во изолација и принудени се на самостојни тренинзи за задржување на формата, а во текот на еден таков на Самохвалов му се слошило. Поединостите од овој трагичен случај сѐ уште се разветлуваат.

Самохвалов во Локомотив дојде во 2018 години, но не заигра во руската Премиер лига. Настапуваше во резервниот тим на Локомотив, третолигашот Казанка во зоната Запад во Професионалната фудбалска лига.

„Лекарите ни рекоа дека причина за смртта е срцев застој. Ако лекарите му дозволиле да тренира, мораме да претпоставиме дека немал здравствени проблеми“, изјави за агенцијата РИА Александер Гришин, тренерот на Казанка.