Граѓаните на Латвија, Малта и Словачка во саботата гласаат на изборите за Европскиот парламент, со што им се придружија на гласачите од Велика Британија, Холандија, Ирска и Чешка кои веќе го сторија тоа во претходните два дена.
Од четвртокот до неделата речиси 418 милиони луѓе во Европската унија можат да гласаат. По изборите почнува новиот политички циклус во ЕУ кој вклучува и промена на четирите челници во најважните европски иснтитуции. Исто така, изборите се случуваат и во времето на планираното излегување на Велика Британија од Унијата, и заканите кои доаѓаат од внатре.
Анкетите покажаа дека на изборите крајно десните суверенистички партии може да освојат многу гласови, со што потенцијално ќе ги загрозат одлуките кои сакаат да ги спроведат етаблираните центри од десно и од лево во ЕУ во текот на следните пет годони. Излезноста на изборите во ЕУ вообичаено е ниска, што им дава шанса на помалите партии.
Во меѓувреме во Чешка во сабота ќе бидат завршени дводневните избори, на кои две партии – либералните суверенисти и евроскептици ANO и социјалдемократите, се борат за 21 мандат во Европскиот парламент.
Во соседна Словачка се гласа за 13 пратеници. Во 2014 година во Словачка излезноста беше дури и пониска од Чешка, само 13 отсто.
Во Латвија, 1,6 милиони жители гласаат за осум пратеници, додека 370.000 Малтежани гласат за шест пратеници.
Малта е специфичен случај во ЕУ каде што дури и 16-годишниците може да гласаат на изборите. Малта, исто така, може да се погали и со едена од најголемите излезности во ЕУ, речиси 75 отсто во 2014 година иако гласањето не е законски задолжително, како што е во некои други земји членки.