Вишиот суд во Белград во петокот го осуди поранешниот началник на Генералштабот на Војската на Србија, пензионираниот генерал Момчило Перишиќ на три години затвор поради шпионажа, односно одавање тајни податоци на службеник на амбасадата на САД во Белград, „американскиот разузнавач“ Џон Нејбор, кој тогаш се повика на дипломатскиот имунитет.
Судот, во процесот кој се водеше зад затворени врати, утврдил дека е докажано дека Перишиќ пренел на класифицирани информации, а покрај поранешниот началник на Генералштабот, осудени се на по 1,5 година затвор и соработниците во неговиот кабинет Миодраг Секулиќ и Владан Влајковиќ.
Како што пренесува агенцијата Танјуг, во текот на читањето на пресудата, судијката рекла дека Перишиќ е виновен дека на 14-ти март 2002 година во ресторан на Ибараската магистрала му предал на Нејбор воени тајни, кои биле подоцна биле најдени кај него. Станува збор за дискови со воени податоци и документи за безбедноста на тогашната Сојузна Републиак Југославија, и српската јужна покраина Косово и Метохија.
Исто така, во кабинетот на Перишиќ во Владата на Србија се пронајдени дискови со доверливи воени податоци, на кои биле снимени состаноци на колегиумот на началниците на Генералштабот во текот на 1999 година.
Перишиќ во време на апсењето во 2002 година беше потпретседател на владата. Ова е прва првостепена пресуда во овој случај по повеќе од 18 години по започнувањето на постапка. Неа имаат право да ја обжалат и обвинителството и одбраната пред Апелацискиот суд во Белград.
Перишиќ присуствуваше по објавувањето на пресудата, ако целосното судење се одвиваше без присуство на јавнота поради заштита на воени и државни тајни, но денеска беше јавно објавени во Специјалниот суд. Перишиќ во кусата изјава за новинарите порача дека ќе ја брани својата чест, како што се борел “за одбрана на својата земја и на фронтот и во Хаг“.
Постапката за ткн „шпионска афера“ го покрена некогашното српско воено правосудство во март 2002 година, но Перишиж тогаш се повикуваше на пратеничкиот имунитет. Повторно беше активиран во 2004-та, но веќе следната годиниа беше прекината поради заминувањето на Перишиќ во Хашкиот триубинал, каде му беше судено за воени злосторства, што беше завршено во 2013 година со ослободителна пресуда. Постапката за шпионажа повторно беше покрената во 2014 година.