Од скромните почетоци во малите барови низ северна Италија, ритуалот на пиење Аперол се рашири низ континентите, а луѓето ширум светот се поврзуваат преку љубовта да уживаат во овој коктел, кој дефинитивно е омилен во Италија.
Лесен, освежителен со уникатен горко-сладок вкус, „Aperol Spritz“ е совршен пијалок за средината на денот, за уживање со друштво после работа или за почеток на вечерта. Рецептот и процесот се едноставни, се за што треба да се погрижите е да си обезбедите добро друштво и добро расположение.
Состојки:
Многу мраз
Аперол ликер
Просеко (италијанско бело вино)
Кисела вода
Портокал
Подготовка:
Прво ставете полна мерка Аперол во чаша за вино. Додадете мраз до врвот на чашата, да се наполни. Потоа доаѓа Просеко (околу 75 мл), и на крај киселата вода која ја истурате додека речиси не ја наполните чашата.
Промешајте да се соедините сè, а коктелот е подготвен за последниот детал – парче портокал.