На убиецот на Ленон по 11-ти пат му е одбиено барањето за ослободување

На убиецот на легендарниот британски музичар Џон Ленон, Марк Дејвид Чепмен, по едеинаесетти пат му е одбиено барањето за условно ослободување од доиздржување на затворската казна, и ќе остане зад решетките уште најмалку две годни, кога повторно ќе има право да бара ослободување.

Денес 65-годишниот Чепмен издржува казна доживотен затвор во затворската институција Алден, откако на 8-ми декември 1980 година во Њујорк пред зградата во која живееше смртно го застрела лидерот на легендарните The Beatles.

Управата за условно ослободување на сојузната држава Њујорк само кусо соопшти дека на Чепмен му е ускратено ослободувањето по разговорот со комисијата спроведен на 19-ти август, без овојпат да ги наведе причините за одбивањето.

„Бев многу далеку. Се сеќавам кога помислив: Еј, сега го доби албумот. Гледај, тој го потпиша, само оди си дома’. Но немаше начин како да заминам“, рече Чепмен пред комисијата за помилување на сослушувањето во 2018 година.

Чепмен во 2000 година, откако мина 20 години во затвор, првпат го стекна правото да поднесе барање за условно ослободувње. Тогаш многу влијателни и славни личности од светот, меѓу кои и сопругата на Ленон, Јоко Оно, ѝ пишаа на управата на затворот Чепмен никогаш да не биде пуштен на слобода.