26.8 C
Skopje
вторник, мај 7, 2024

На удар се граѓаните на кои им ветуваа живот, а има само црнила

Денес бев во скопски Чаир, место со енергија, своја историја и свој удел во развојот на ВМРО-ДПМНЕ. Чувството на сите подеднакво е дека овие црнила кои ги создава Владата преставуваат рак рана на нашето општество. До толку ја поделија, до толку ја фрагментираа нашата земја што станува неподноснослива леснотијата со која нанесуваат зло, неправди врз невини луѓе, ја одземаат слободата, ја уништуваат иднината, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

„На удар е секој слободномислечки поединец, на удар е народот кој осиромашува, му се отежнува животот, на удар се граѓаните на кои им ветуваа живот, а има само црнила, на кои им ветуваа 500 евра просечна плата, а сега има само беда, на кои им ветуваа чист воздух, а сега имаме воздух кој убива“, пишува Мицкоски и додава:

„На удар е и ВМРО ДПМНЕ зошто така мислат дека ќе може полесно да крадат, да имаат простор да не обезличат и понижат како држава, и за да не се зборува за сите оние разочарувања кои ги направија и лаги кои ги кажаа. Но треба да знаат дека овие црнила кои сите ги гледаат ќе бидат најголемиот тег, најголемиот камен на сопнување на оваа црна власт. Најтемно е пред зората, но и зората ќе не осветли, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ја донесе таа зора која Македонија ќе ја направи напредна, подобра и горда“.