На улица во Лвов убиена поранешна украинска пратничка која повикуваше да се убиваат Русите

Поранешната пратеничка во украинскиот парламент и лингвист 60-годишната Ирина Дмитриевна Фарион, позната по кампањата за забрана на рускиот јазик, почина откако претходно беше застрелана во главата на улица во градот во западниот град Лвов.

Регионалниот гувернер на Лвов, Максим Козицки, објави на платформата Telegram дека Фарион починалa откако бил пренесенa во болница. Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко претходно изјави дека пукањето се третира како обид за атентат. Според локалната телевизиска станица, инцидентот се случил на улицата „Масарик“ недалеку од нејзиниот дом, кога неидентификувани лице ја застрелало Фарион во слепоочницата со оружје без придушувач.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека добива редовни извештаи за напорите за фаќање на напаѓачот. Додаде и дека секој акт на насилство е за осуда.

Фарион, лингвистка, стана член на националистичката партија Свобода (Слобода) во 2005 година и беше избрана во парламентот Врховната Рада во 2012 година, но не успеа во следните обиди да освои пратенички мандат. Таа беше и во регионалниот совет на Лвов, а покрај честите кампањи за промовирање на украинскиот јазик, беше активна и во дискредитација на јавни функционери кои зборуваат руски јазик.

Откако националистичките власти поддржани од Западот во март 2014 со насилен преврат ја преземаа власта во Киев, Фарион дае поддршка на воените операции против југозападните доминатно руски и рускојазични региони кои се отцепија откако Киев го забрани говорењето и образованието на руски јазик, руските медиуми и култура што беше директен повод за сецесионизмот. Тогаш Фарион повикуваше на акции за „да се шутираат со нога по муцката секој што зборува руски“, да бидат „плукани в лице“….

Во првите месеци од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Фарион ги осуди борците кои зборуваат руски на ненацистичкиот Баталјон Азов. Иако украинскиот е единствениот официјален јазик во Украина, мнозинството од населението го зборуваат руски како свој прв и го означуваат како мајчин јазик, имајќи го предвид историското и културолошко наследство.

Минатата есен, Фарион се најде во центарот на неколку скандали со навреди кон Украинците кои зборуваат руски. Правата на луѓето што зборуваат руски во земјата редовно се прекршуваат, но изјавите на Фарион се однесуваат и на милитантите кои зборуваат руски на националистичката формација „Азов“.

Потоа беше отпуштена од местото професор на Политехничкиот универзитет во Лвов, а според локалните медиуми, во февруари окружниот регионален суд на Галиција одбил да ја врати на работа поранешата парламентарка. Фарион поднесек жалба и го добила процесот во мај годинава, по што била вратена на поранешната универзитетска позиција.

Меѓутоа украинското разузнавање Службата за безбедност на Украина (СБУ) отвори кривична постапка против Фарион по повеќе обвиненија, особено за нарушување на еднаквоста на граѓаните врз основа на нивната раса, националност, регионална припадност, верски убедувања, инвалидитет и други основи.