Меѓународниот универзитет во Струга, зад кој стои струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, добива нова образовна гранка, Факултет за здравствени науки. Вакво решение донел министерот за образование и наука во заминување Јетон Шаќири, кој по потекло е од Струга и е сопартиец со Мерко во ДУИ, објави порталот СДК.мк.
Министерството за образование и наука утврдило дека се исполнети условите за почеток со работа на Факултетот за здравствени науки при Меѓународниот Универзитет во Cтруга. Позитивно мислење дале Агенцијата за квалитет на високо образовани и Одборот за акредитација.
Мерко од лани на 20 јуни, е на црната листа на Стејт департментот поради вмешаност во корупција.