На уште двајца британски платеници кои се бореле на страната на украинските сили против проруските сепаратисти во југоисточниот регион Доњецк се истражуваат поради можни сторени кривични дела, за кои доколку им бидат докажани може да бидат осудени на смртна казна, пренесуваат руските медиуми повикувајќи се на властите во одметнатиот доминантно руски и рускојазилен регион.
„Во тек е истрага против британските платеници Дилан Хили и Ендрју Хил. Тие се обвинети по истите точки како и тројцата претходно осудени платеници. Се истражува, поднесени се обвиненија“, јавуваат медиумите во Доњецк повикувајќи се на неименуван извор од власта во самопрогласената „народна република“.
Хил, 35-годишен Британец, татко на четири деца, кој според Sky News бил припадник на ткн „Меѓународна легија“ која веројатно и пред почетокот на руската офанзива ја формирале властите во Киев а го објави уште првиот дена од почетокот на војната, во текот на сослушувањето рекол дека немал чин во единицата. Тој бил ранет во борбите и им се предал на руските единици во регионот на Николаев во југозападна Украина, каде бил убиен друг Британец, 36-годишниот Скот Сибли, поранешен професионален војник.
Британска непрофитна организација соопшти дека Дилан Хили, на 22 години, и 45-годишниот Пол Ури, биле заробени уште кон крајот на април, во југоисточната област Запорожје.
Во првата седмица од јуни судот во Доњецк ги осуди британските државјани Шон Пинер и Ејден Еслин, како и Мароканецото Саадн Брехи, на смртна казна со стрелање . Сите тројцата признаа вина за „учество во агресијата на Украина во која загинаа цивили и со цел да се преземе власта во (самопрогласената) Народна Република Доњецк“, а Еслин и за делото „обучување со цел извршување терористички активности“. Судот ги прогласи за виновни за „платенички активности и здружувања со цел насилно да се преземе власта и собори уставниот поредок на ДНР“, додека Доњецк и другите градови секојдневно се под ракетни и артилериски напади од украинската сила.
Британија тврди дека Еслин и Пинер биле обични војници, кои веќе неколку години се бореле на страната на Украина каде „имале намера да основаат семејства“, и дека на нив треба да се примени Женевската конвенција за заштита од прогон поради учество во војна.
Европскиот суд за човекови права соопшти во четвртокот дека ѝ издал налог на Русија да осигури дека нема да биде извршена смртната казна против двајцата британски платеници кои се заробени од проруските сепаратисти во отцепената југоисточна покраина Доњецк. Судот објави дека издал налог за привремена мерка на Русија да „осигури дека смртната казна изречена на барателите на барањето нема да биде извршена и да осигура примерни услови за нивниот премиер и да им се пружи сите потребна медицинска помош и лекови“.
Во меѓувреме руските медиуми објавија дека таткото на Мароканецот преку нив испратил писмо до рускиот претседател Владимир Путин со барање да се заземе за неговиот син, тврдејќи дека тој е жртва на пропаганда.
Семејствата на двајцата Британци негираат дека тие биле платеници, туку дека наводно живееле во Украина и биле „ангажиран“ во украинските вооружени сили“. Велика Британија досега одбиваше јавно да го покрене тоа прашање со сепаратистичките власти во Доњец, велејќи дека се надеваат оти Киев би можел да издејствува нивно ослободување.
Британија тврди дека Еслин и Пинер биле обични војници, кои веќе неколку години се бореле на страната на Украина каде „имале намера да основаат семејства“, и дека на нив треба да се примени Женевската конвенција за заштита од прогон поради учество во војна.
Истовремено проруските сепаратисти посочуваат дека практиката на Западот од 2014 година, а особени од минатата година, е своите професионални војници и команден кадар да го испраќаат во редовите на украинските сили, како наводни регуларни војници. Двајцата Британци и Мароканецот, според судот во Доњецк, како и другите странски борци учествувале во најтешките злосторства, а осудените имаат еден месец да го искористат правото на жалба за пресудата.