
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот брифинг со новинарите објасни дека договорот со Бехтел и Енка содржи обврски кои веќе течат. Како што објасни Мицкоски “бројчаникот” почнува да врти од 8 март кога е потпишан договорот.
Оттогаш треба да почнат да течат обврските кои произлегуваат од т.н специјален закон донесен 2021 година.
Како прв пенал е плаќањето на 53 милиони евра за тоа што не е сменет законот за 60 часовна недела.
За менаџирање на проектот месечно од буџетот ќе се плаќаат 2 милиони евра.
Згора на тоа, сега и да го смениме законот месечно граѓаните ќе плаќаат 1.2 милиони евра.
Се на се до овој момент обрските на државата кон конзорциумот се над 300 милиони евра- објасни Мицкоски.