-Не сум разговарала ниту со Ескобар по неговото излагање, ниту со Радев, но не е важно да се фокусираме толку на тоа што тие го кажуваат, тука на она што е направено тука, бидејќи на крајот на денот, ако луѓето тука се посветени на ЕУ, не е важно што велат Габриел или Радев, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер, одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, додавајќи дека она што е важно за граѓаните и за евроинтегративниот процес е државата да се фокусира на тоа што таа треба да го стори на тој пат.
Таа нагласи дека Ескобар одржува интензивни контакти и зборува со сите чинители во процесот тука и оти неговата најголема надеж е дека Северна Македонија и региониот прават се што можат за да се движат кон европските и евроатлантските интеграции.
Специјалниот американски пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар вчера во дебатата за Западен Балкан пред Поткомитетот за надворешна политика на Конгресот на САД, кажа дека Вашингтон го поддржува процесот за уставни измени што треба да го овозможи пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, а е ангажиран и со новата Влада на Бугарија за да се осигура дека нема да поставува нови барања.
Бугарскиот претсдеател Радев, пак, вчера во коментар за предложените измените на Уставот на Северна Македонија, кажа дека тоа е првиот многу важен и задолжителен чекор, но не и последниот.