Петиција со барање за преминување на украинската азбука од кирилица на латиница е регистрирана во понеделникот на мрежната страница на украинското претседателство, известуваат медиумите.
„Ве молам да ја разгледате можноста за префрлање на нашата украинска азбука на латиница (во рамките на современата англиска азбука-. Има доволно причини за таквата транзиција и тие се очигледни. Покрај тоа, не можам да се сетам на порелевантен момент во историјата на земјата за таквата транзиција отколку сега“видни“, се вели во петицијата.
За да биде разгледана од шефот на државата, петицијата мора да биде поддржана со 25.000 потписи.
Ваквата идеја претходно ја промовираше секретарот на Советот за национална одбрана на Украина, Олексиј Данилов. Според него, отфрлањето на кирилицата треба широко да биде промовирана во земјата, но тогаш оваа идеја беше негативно примена во јавноста.
Од февруари годинава и пред почетокот на руската инвазија, украинските власти започнаа широка кампања за дерусификација на Украина и покрај мнозинското руско и рускојазично население, во контекстот на забраните носени по превратот во Киев во 2014 година за образование и говорење на руски јазик, исклучување на руските радио и телевизиски канали и други медиуми.
Тогаш Данилов повторно жестоко се заложи против секаква употреба на рускиот јазик, велејќи дека рускиот јазик „треба да исчезне воопшто од територијата на Украина“, а англискиот и украинскиот да бидат задолжителни.
Во моментов на одлука на украинскиот претседател Зеленски чека и петиција со којашто се бара законска забрана за прикажување руски филмови и ограничување на дистрибуцијата на руска литература.