Најверојатно човечки фактор е причина за пожарот на галијата

Командирот на скопската противпожарна бригада, Звонко Томески, вели дека причината за пожарот е најверојатно човечки фактор, но причините за опожарувањето на галијата дополнително ќе се утврдуваат.

Целосно е изгаснат пожарот што денеска околу 13 часот избувна во напуштената галија на реката Вардар кај хотелот „Холидеј ин“ во Скопје. Во гаснењето на пожарот учествуваа три противпожарни екипи. Нема ниту повредени ниту загинати лица.

Командирот на скопската противпожарна бригада, Звонко Томески, вели дека причината за пожарот е најверојатно човечки фактор, но причините за опожарувањето на галијата дополнително ќе се утврдуваат.

„Таму нема доток на електрична енергија. Најверојатно се работи за човечки фактор, но ќе оставиме истражните органи да ја утврдат причината. Во самата галија со наше пристигнување не затекнавме никого, проверено е во целост, нема ниту повредени ниту загинати лица“, информира Томески за МИА.

Тој додава дека огнените јазици го зафатиле предниот наворешен дел од галијата, но и дел од внатрешноста каде што имало поголема количина смет.

Една од галиите поставени во коритото на реката Вардар во Скопје беше опожарена и во март годинава. Пожарот се случи на 19 март, а полицијата информира дека нема повредени.