Највисоката температура досега измерена на северот на Атлантикот

Водите во северниот дел на Атлантскиот Океан достигнаа рекордна дневна температура во средата, покажуваат првите податоци објавени во петокот од американската Национална управа за океани и атмосфера (NОАА), чии мерења започнаа на почетокот на 1980-те година.

„Нашата анализа покажува дека 26-ти јули беше највисоката просечна температура на површинската вода во Северниот Атлантик, 24,9 степени Целзиусови“, изјави за AFP Ксунганг Јин, научник од Националниот центар за информации за животната средина на NOAA (NCEI).

Овој рекорд е особено изненадувачки, бидејќи се случува на почетокот на годината а не на почетокот на септември, кога Северниот Атлантик е нормално најтопол.

Претходниот рекорд измерен на почетокот на септември 2022 година изнесуваше 24,89 степени Целзиусови, нешто понизок од оваа година, додава Ксунганг Јин.

„Очекуваме дека температурата на површината на Северниот Атлантик „ќе продолжи да расте во август“, предупредува научникот, па се очекува нов рекорд.

Северниот Атлантик стана симболична точка за набљудување за прекумерното затоплување на океаните на планетата под влијание на климатските промени предизвикани од стакленички гасови.