На Волстрит индексот S&P 500 достигна рекордно високо ниво

На Волстрит, индексот S&P 500 достигна ново рекордно високо ниво во понеделникот, како и индексот Nasdaq, со најголеми добивки во технолошкиот и трговскиот сектор.

Индексот Dow Jones загуби 0,29 отсто, на 44.782 поени, но S&P 500 порасна за 0,24 отсто, на 6.047 поени, а индексот Nasdaq 0,97 отсто, на 19.403 поени.

Новите рекорди за S&P 500 и Nasdaq индексите беа поттикнати главно од приближно еднопропроцентото зголемување на цените на акциите во технолошкиот и комуникацискиот сектор. За толку пораснаа цените на акциите и во трговскиот сектор, а паднаа во сите останати најважни сектори.

Тргувањето беше мирно бидејќи немаше нови вести за управување на пазарот, по силниот раст на цените на акциите во ноември, кога еуфоријата беше предизвикана од победата на Доналд Трамп на претседателските избори.

Трамп најави намалување на даноците и дерегулација на одредени сектори, што треба да го стимулира економскиот раст, велат аналитичарите. Но, негативно може да се одрази најавеното зголемување на царините за увоз од повеќе земји.

Имено, тоа би можело да предизвика зајакнување на инфлацијата, а во такви околности американската централна банка најверојатно ќе го забави темпото на намалување на каматните стапки.

Дотолку повеќе што сите најнови податоци укажуваат на стабилен економски раст, што значи дека Fed не треба да брза со намалување на каматните стапки. Мора да се признае, пазарот сѐ уште очекува Fed да ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени на состанокот во декември, но надежите на инвеститорите дека ќе ги намалат каматните стапки во јануари и март следната година исчезнаа.

И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера пораснаа. Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,31 отсто, на 8.312 поени, а франкфуртски DAX за 1,57 отсто, на 19.933 поени. Парискиот CAC, пак, остана непроменет на 7.236 поени.