На Волстрит индексот S&P 500 е близy 5.000 поени

На Волстрит индексот S&P 500 благо порасна во четвртокот и достигна ново рекордно ниво, близу 5.000 поени, бидејќи пазарот беше поддржан од подобри од очекуваните деловни резултати на компаниите.

Индексот Dow Jones зајакна 0,13 отсто, на 38.726 поени, додека S&P 500 порасна за 0,06 отсто, на 4.997 поени, а Nasdaq индексот зајакна 0,24 отсто, на 15.793 поени.

S&P 500 втор ден по ред достигна ново рекордно ниво и во еден момент ја допре границата од 5.000 поени. Ова е благодарение на подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на компаниите.

Досега повеќе од половина од компаниите од составот на индексот S&P 500 ги објавија податоците за своето деловно работење во последниот квартал од минатата година, при што околу 81 отсто од нив ги надминале очекувањата на аналитичарите во однос на заработката. Затоа, сега се проценува дека во тој квартал заработката на компаниите се зголемила за околу 8 отсто, додека пред еден месец се очекуваше раст од 4,7 отсто.

Податоците за невработеноста, сепак, покажаа дека американскиот пазар на труд е сè уште силен, што ја потврдува тезата дека американската централна банка нема причина да брза со намалување на каматните стапки. Поради ова, надежите на инвеститорите дека Fed ќе го започне процесот на намалување на каматните стапки во март целосно избледе.

И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера пораснаа. Сепак, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,44 отсто, на 7.595 поени, но франкфуртски DAX зајакна за 0,25 отсто, на 16.963 поени, а париски CAC за 0,71 отсто, на 7.665 поени.