На њујоршки Волстрит во петокот најважните индекси пораснаа за повеќе од еден отсто, па така S&P 500 и Nasdaq го остварија најголемиот месечен раст по 2020 година, во прв ред благодарејќи на оптимистичките вести од технолошките гиганти „Apple“ и „Amazon“.
Индексот Dow Jones порасна во петокот за 315,5 поени или за 0,97 отсто, на 32.845 поени, индексот S&P 500 зајакна за 1,42 отсто, на 4.130 поени, а технолошкиот индекс Nasdaq скокна за 1,88 отсто, на 12.390 индексни поени.
Сите три индекса остварија притоа седмични и месечни добивки. Така, S&P 500 јули го завршува со раст од 9,1 отсто, што е негов најголем месечен скок од ноември 2020-ра, додека индексот Nasdaq порасна за 12,3 отсто, најмногу од август истата година.
„Извештаите од Amazon и Apple му дадоа поддршка на пазарот, имајќи предвид дека овие две големи компании, коишто имаат значителна тежина во S&P 500 успеаја успешно да пловат во овие тешки времиња“, вели во коментарот за Reuters Рик Меклер, партнер во инвестициското друштво „Cherry Lane Investments“.
Акцијата на „Apple“ скокна за 3,3 отсто откако компанијата објави дека попушта недостигот од чипови, како и дека продолжува побарувачката на нејзините паметни телефони iPhone. Истовремено акцијата на „Amazon“ рипна за 10,4 отсто, бидејќи управата објави дека очекува во третиот квартал приходите да растат поради поголемите такси од нејзините премиум услуги.
Воопшто, сезоната на објавување на кварталните финансиски резултати досега е одлучна, за разлика од очекувањата. Од 279 компании чиишто акции се во составот на S&P 500 индексот и кои известија за деловните резултати, 77 ги надминаа со своите заработки очекувањата на аналитичарите. Се очекува дека заработките на компаниите во второто годинешно тримесечје ќе пораснат за 7,1 отсто.
И на европските берзи владееше позитивно расположените. Лондонскиот FTSE индекс порасна во петокот за 1,06 отсто, на 7,432 поени, франкфуртскиот DAX индекс скокна за 1,53 проценти, на 13.484 поени, додека парискиот индекс CAC се зголеми за 1,72 отсто, на 6.448 индексни поени.
Солидните заработки на европските компании ја поддржуваат веќе извесно време добрата изведба на пазарите на акции, па паневропскиот Stoxx 600 индекс го заврши јули со добивка од 6,3 отсто, остварувајќи го најдоброто месечно остварување од ноември 2020 година.