На Волстрит нови рекорди на берзанските индекси

На Волстрит нови рекорди на берзанските индекси

На Волстрит во средата индексите Dow Jones и S&P 500 достигнаа нови рекордни нивоа, откако беа објавени записниците од состанокот на Fed, а во пресрет на новиот извештај за инфлацијата во САД.

Инексот Dow Jones зајакна 1,03 отсто, на 42.512 поени, додека S&P 500 порасна за 0,71 отсто, на 5.792 поени, а индексот Nasdaq 0,60 отсто, на 18.291 поени.

Новите рекорди на S&P 500 и Dow Jones индексите се благодарение на доброто расположение на пазарот, откако беа објавени записниците од последната седница на американската централна банка, каде каматните стапки беа намалени за агресивни 0,50 процентни поени. Записникот покажа дека значително мнозинство од челниците на Fed гласале за вакво зголемување на каматните стапки, но и заклучиле дека тоа не значи и продолжување на толку осрото кастрење на цената на парите.

„Записнико, исто така, покажа дека претставниците на Fed веруваат дека ја победиле инфлацијата“, смета Линдзи Бел, стратег во компанијаа „248 Ventures“.

Во четврток инвеститорите ќе се фокусираат на новите податоци за инфлацијата во САД, кои ќе покажат дали се отвора дополнителен простор за американската централна банка да ги намали каматните стапки. Пазарот проценува дека има околу 80 отсто шанси Fed да ги намали каматните стапки за дополнителни 0,25 процентни поени во ноември.

Кон крајот на неделата започнува сезоната на објавување квартални финансиски извештаи на компаниите, што би можело значително да влијае на насоката на пазарот во наредните седмици.