На Волстрит продолжи растот на цените на акциите

На њујоршки Волстрит берзанските индекси пораснаа во понеделникот, продолжувајќи го својот позитивен тренд осма седмица по ред, бидејќи инвеститорите очекуваат американската централна банка следната година да ги намали каматните стапки.

Индексот Dow Jones остана речиси непроменет на рекордни 37.306 поени, додека S&P 500 порасна за 0,45 отсто, на 4.740 поени, а индексот Nasdaq 0,62 отсто, на 14.905 поени.

Меѓу најголемите добитници вчера беа акциите во енергетскиот сектор, благодарение на значителниот раст на цената на нафтата.

На најголемата светска берза сѐ уште владее доброто расположение, бидејќи по минатонеделните пораки на првиот човек на Fed, инвеститорите сметаат дека циклусот на затегнување на монетарната политика е завршен и дека следната година ќе следи намалување на каматите, со оглед на тоа дека инфлаторните притисоци постепено попуштаат.

По пораките на првиот човек на Fed, пазарот проценува дека има повеќе од 60 отсто шанси централната банка на САД, по повеќе од година ипол затегнување на монетарната политика, веќе во март да започне да ги намалува каматните стапки.

Секако дека има големи разлики меѓу проценките на челниците на Fed и најоптимистичките аналитичари на Волстрит, па така првите проценуваат дека во следната година можно е трипати да се намалат каматните стапки, а вторите дури шест пати.

Дополнително, и покрај наглото зголемување на каматните стапки, се чини дека американската економија ќе ја избегне рецесијата, како што е наведено во серија неодамнешни макроекономски извештаи.

„Пазарот поддржува дека Fed ќе започне со намалување на каматните стапки следната година. Прашањето е за колку? Пазарот е поддржан и од фактот што економијата не слабее премногу, што значи дека би можела да избегне рецесија“, објаснува Том Хејнлин, стратег во компанијата „U.S. Bank Wealth Management“.

Благодарение на тие аргументи, берзанските индекси на Волстрит пораснаа седум седмици со ред, при што S&P 500 и Nasdaq достигнаа највисоки годишно ниво, а Dow Jones достигнаа рекордни.