На Волстрит раст на индексот S&P, пад на Dow Jones

На Волстрит, Dow Jones индексот благо падна во вторникот, додека S&P 500 порасна, како и Nasdaq, кој достигна рекордно високо ниво пред кварталниот деловен извештај на технолошкиот гигант „Alphabet“.

Индекост Dow Jones загуби 0,36 отсто, на 42.233 поени, но S&P 500 порасна за 0,27 отсто, на 5.832 поени, а индексот Nasdaq 0,78 отсто, на рекордни 18.712 поени.

Тргувањето вчера беше неизвесно бидејќи инвеститорите ги следеа деловните резултати на компаниите. Повеќето компании известуваат за подобри резултати од очекуваните, но има и големи потфрлувања, што предизвикува несигурност.

Оваа седмица повеќе од 160 компании од составот на S&P 500 индексот ќе објавуваат извештаи, а најголемо внимание ќе привлечат резултатите на технолошките гиганти, како „Apple“, „Alphabet“, „Microsoft“, „Amazon.com“ и „Meta Platforms“.

Цените на акциите на овие компании, како и на други од групата т.н „Величествените седум“ драстично пораснаа во последните години, па нивните резултати ќе покажат дали таквиот раст е оправдан.

Во продолженото тргување по затворањето на Волстрит, цената на акцијата на „Alphabet“ скокна за околу 6 отсто, бидејќи матичната компанија на инернет пребарувачот Google објави подобри од очекуваните приходи и заработка. Благодарение на ова, фјучерсите S&P 500 и Nasdaq индексите моментално се во раст од 0,3 отсто, па во среда може да се очекува нов рекорд на Nasdaq.

И на европските берзи вчера паднаа цените на акциите. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,80 отсто, на 8.219 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,27 отсто, на 19.478 поени, а париски CAC 0,61 отсто, на 7.511 поени.