На Волстрит во четвртокот индексот Dow Jones достигна ново рекордно високо ниво, додека S&P 500 остана речиси непроменет и покрај остриот пад на цената на акцијата на производителот на чипови „Nvidia“.
Индексот Dow Jones зајакна за 0,59 отсто, на рекордни 41.335 поени, додека S&P 500 ослабе за 0,01 отсто, на 5.591 поен, а индексот Nasdaq за 0,23 отсто, на 17.516 поени.
Вчера инвеститорите беа фокусирани на акциите на „Nvidia“, бидејќи најголемиот светски производител на чипови за вештачка интелигенција ги објави кварталните деловни резултати и проценките за идните операции.
Иако резултатите беа подобри од очекувањата на аналитичарите, цената на акцијата на „Nvidia“ падна за повеќе од 6 отсто, бидејќи инвеститорите се надеваа на уште подобри резултати. Како резултат на тоа, S&P 500 и Nasdaq индексите благо паднаа.
Пазарот го поддржаа податоците за посилниот од очекуваниот раст на американската економија. Вчера беше објавена втора проценка, која покажа дека бруто домашниот производ (БДП) пораснал за 3 отсто во вториот квартал, а не за 2,8 отсто, како што покажа првата проценка.
Ова го засили верувањето на инвеститорите дека најголемата светска економија ќе избегне рецесија, и покрај повисоките каматни стапки.
Пазарот е поддржан и од верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки во септември.
Во петок ќе бидат објавени нови податоци за инфлацијата, што може да влијае на очекувањата за каматните стапки. На пазарот преовладува мислењето дека Fed ќе ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени во септември, но некои очекуваат поостро намалување од 0,50 процентни поени.
И на европските берзи цените на акциите вчера пораснаа. Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,43 отсто, на 8.379 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,69 отсто, на 18.912 поени, а париски CAC зајакна за 0,84 отсто, на 7.640 поени.зајакна за 0,59 отсто, на рекордни 41.335 поени, додека S&P 500 ослабе за 0,01 отсто, на 5.591 поен, а индексот Nasdaq за 0,23 отсто, на 17.516 поени.на 18.912 поени, а париски CAC зајакна за 0,84 отсто, на 7.640 поени.