Револт меѓу вработените во ЈСП. Со одлука на претпријатието, прекината е мерката за ослободување од работа на лица кои имаат деца до 10 години. На вработените им се одземаат денови од стариот одмор.
Од 1-ви април, без претходна најава и известување, на сите вработени во ЈСП кои ја користеа владината мерка за ослободување од работа на родители со деца до 10 годишна возраст, одземени им се преостанатите слободни денови од стариот одмор и кажано им е дека треба да дојдат на работа,
Родители кои ја користеа оваа мерка, покрај тоа што им се одземени деновите од одмор без претходно известување, сега треба од денеска за утре да се појават на работа иако нема каде да ги остават своите деца.
Од ваквата постапка не се исклучени ниту хронично болни и останати категории на граѓани вработен во ЈСП кои беа дел од владините мерки.