На заборавен скопјанец крадци му го однесоа луксузниот автомобил

Во понеделникот ноќта од центарот на Скопје е украден луксузен автомобил, откако сопственикот го оставил да работи и „тркнал“ до продавница.

Патничкото возило марка било украдено вчера околу 20,40 часот на улицата „Аминта Трети“ во Скопје.

Крадецот го искористил невниманието на 31-годишниот сопственик О.М. кој го оставил автомобилот да работи со клуч на бравата и отишол во продавница.

Незабележан од никого крадецот влегол во автомобилот и избегал. На тој начин се стекнал со противправна имотна корист од околу 900.000 денари.