Најинфективниот сој на коронавирусот кој ја предизвикува респираторната болест Covid-19, првпат откриен во Германија во јануари 2020 година и најмногу раширен во САД, е откриен и во Индонезија, објави електронското издание на весникот Jakarta Post повикувајќи се на научниците од Институтот за молекуларна биологија Ејкман во Џакарта.
Вирусот наречен D614G, досега не беше откриен во Индонезија, но неговото присуство во соседната Малезија е забележано кон срединта на август, пишува весникот.
Врз основа на резултатите од истражувањата спроведени во Институтот Ејкман, стапката на трансмисијата на вирусот D614G во лабораториски услови е 10 пати погплема од онаа на оригиналниот вид на новиот коронавирус SARS-CoV-2, откриен во кинески Вухан на почетокот од пандемијата кон крајот на ланскиот декември.
Сепак, лабораториските студии не даваат одговор на прашањето колку брзо се шири овој вирус меѓу човечката популација. Непознато е, исто така, дало D614G предизвикува потешки форми на болеста, се додава во соопштението.
Според Амин Соебандрио, директор на Институтот Ејкман, во моментов до 40 отсто од болните со коронавирусната инфекција во Индонезија се зразени токму со сојот D614G.
Соебандрио, исто така, за весникот изјавил дека мутираниот вирус може да биде подложен на вакцинација со повеќето вакцини кои се разработуваат во светот против коронавирусот, бидејќи овие препарати дејствуваат директно врз механизмот на вирусот одговорен за инфицирањето на клетките на организмот, а тој механизам во D614G е идентичен со оној од оригиналниот „вухански“ сој и ја извршува истата задача.
Од почетокот на пандемијата во Индонезија со коронавирусот се заразиле над 172.000 луѓе, од кои починале 7.343 лица, а оздравеле 124.000 пациенти.
Истовремено во понеделникот Индонезиското здружение на лекари (IDI) објави дека досега од појавата на епидемијата во земјата од Covid-19 починале најмалку 100 лекари.