Јавното претпријатие „Паркинзи“ на општина Центар (ПОЦ), денес се всели во новите простории односно во барокната зграда спроти Македонската телевизија.
Очигледно, на директорот на ова претпријатие, инаку кадар на СДСМ и име кое се поврзува со опозицискиот портал Центарњуз, Саша Богдановиќ и на градоначалникот на Центар не им пречат барокните згради, особено не кога е во прашање нивниот комодитет, пишува Курир.
Тие свечено го одбележаа вселувањето на ПОЦ со пригоден коктел.
Очигледно и ним им се допаѓа барокот и уживаат во него. Тоа јасно се гледа од фотографиите кои излегоа во јавноста, каде тие се насмеани и уживаат.
Изгледа критиките на СДСМ дека барокот е кич, неквалитетен и прокиснувал не важат. Овие луѓе уште еднаш на дело ги покажаа двојните стандарди.