Дека жените понекогаш е тешко да се разберат, покажуваат и резултатите од најновото истражување за нивниот однос спрема технологијата. Половина од испитаниците изјавуваат дека попрво би се откажале од секс еден месец, отколку од паметните телефони. Исто така најголемиот дел од нив признале дека нивниот ајфон или андроид им е подраг, отколку блискоста со друго лице.
Секоја десета дама е до таа мерка вљубена во својот апарат, што наместо да го прегрне својот партнер, заспива со смартфонот во рака. Не се ретки ниту оние кои купуваат водоотпорна футрола само за да можат и под туш да видат што има ново на Фејсбук или Твитер.
Во оваа поразувачка студија, учествувале 3538 жени кои одговориле дури на триесетина прашања за својот однос и навики во однос на мобилните телефони. Дури 76 отсто од испитаниците не се во состојба да се воздржат, а да не погледнат во телефон барем еднаш во час и половина. Но, тие се супер, бидејќи останатите истото го прават на секои 15 минути.
Она што исто така е чудно е што само 27 отсто од учеснциите во истражувањето изјавиле за себе дека се зависни од современите средства за комуникација. А, дури 71 отсто од дамите ниту во лудило не би сакале да се вратат во живот во ерата пред интернет.
Една од нив смета дека „треба да се помириме со тоа бидејќи живееме во роботизиран свет“, додека друга верува дека „секој кој пречесто виси на мрежите мора да ја изгубил вербата во луѓето.“
За жал истражувањата покажуваат дека најголем дел од нас, до таа мерка се навлечени на социјалните мрежи и другите он-лајн содржини, дека само 24 часа одвоеност од интернет е доволно да се јави зависничка криза.