
Специјалните сили на руската Национална гарда открија документи кои потврдуваат дека набљудувачите на ОБСЕ работеле во корист на украинските разузнавачки служби, соопшти денеска прес-службата на Националната гарда.
„Додека ги извршувавме планираните операции, специјалните сили на руската национална гарда открија документи на ОБСЕ во куќата на поранешниот шеф на безбедносната служба на Украина за регионот Керсон, генералот Вјачеслав Савченко, во кои станува збор за соработка со украинските разузнавачи“, се наведува во соопштението, пренесе ТАСС.
Се додава дека Националната гарда ја пребарала куќата на генералот во Херсон и наводно нашла скап мебел, „палата“, како и документи на ОБСЕ во кои се наведува дека претставниците на странската мисија во Херсон биле под лична заштита на Савченко.
„Исто така, честото присуство на персонал на ОБСЕ во таа куќа го потврдија и сведоци“, додаваат од Москва.
Националната гарда откри и мапа на локацијата на единиците на руските вооружени сили на Крим и во регионите на Ростов, Смоленск, Белгород и Воронеж.